Skip to main content

Рубио: Главната цел на американската надворешна политика ќе биде националниот интерес на САД

Новоименуваниот американски државен секретар, Марко Рубио, изјави дека американскиот национален интерес ќе биде главната цел на американската надворешна политика за време на неговиот мандат и дека приоритет ќе биде да се запре масовната имиграција и да се обезбеди границата.

Рубио нагласи дека Стејт департментот ќе ја донесува секоја одлука со цел да ги направи САД побезбедни, посилни и попросперитетни.

Тој нагласи дека Стејт департментот нема да презема активности кои ја олеснуваат или поттикнуваат масовната миграција, како и дека ќе се залага за враќање на илегалните мигранти во нивните матични земји.

Рубио кажа дека наредбата на американскиот претседател Доналд Трамп, која предвидува затворање на Агенција за зајакнување на различностите, правичност и вклучување (ДЕИ) и сите нејзини канцеларии низ САД, ќе биде целосно спроведена, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Мораме да престанеме со цензурата на информациите“, изјави Рубио, нагласувајќи дека во наредниот период ќе ги поддржува и брани правата на Американците на слобода на говор со откажување на сите програми кои на кој било начин водат кон цензура.

Рубио посочи дека Стејт департментот ќе ја искористи дипломатијата за да му помогне на Трамп да го исполни ветувањето за враќање на енергетската доминација на САД.

Поврзани вести