Федералната служба за безбедност на Руската Федерација (ФСБ) спречи терористички напад во близина на полициска станица во Москва, кој го подготвуваа лица од Централна Азија – членови на забранетата во Русија ќелија на меѓународната терористичка организација „Исламска држава“ во Авганистан – „Вилајат Хорасан“.
Оваа информација ја соопшти Центарот за односи со јавноста на ФСБ на Русија.
Осомничените купиле возило и почнале да прават импровизирана експлозивна направа. За време на апсењето, терористите пружиле вооружен отпор на руските офицери на ФСБ и на крајот биле неутрализирани со возвратен оган“, се наведува во соопштението, пренесе агенцијата ТАСС.
Ова, нагласува ФСБ, ги запре активностите на ќелија на меѓународна терористичка организација, чии членови, по потекло од Централна Азија, планирале да извршат терористички акт против еден од полициските оддели. Извршителите го привлекоа вниманието на безбедносните агенции кога собираа информации за одделот на руското Министерство за внатрешни работи во Москва, кој беше избран за цел на терористичкиот напад, соопшти Центарот за односи со јавноста.
За време на истражните дејствија во местото на живеење на радикалот, пронајдено и одземено е огнено оружје, муниција. Во тек се оперативни дејствија за пребарување и истрага.