Skip to main content

Пресуши езеро во Турција, се појави село потопено од 2020 година

Градби на турско село, што било целосно потопено пред четири години, повторно излегоа на површина поради значителниот пад на нивото на водата на езерото Каракурт.

Нивото на водата во езерото, каде што од 8 февруари 2020 година функционира хидроелектричната централа „Каракурт ХЕЦ“, значително опаднало по контролирано испуштање, соопшти агенцијата „Анадолија“.

Како резултат на тоа, повторно станаа видливи повеќекатни станбени објекти, џамија со сочувано минаре, остатоци од црква и други историски градби од некогашното село кое било поплавено по пуштањето на браната во употреба.

Појавата предизвика голем интерес кај патниците кои минуваат по експресниот пат Карс–Ерзурум што се протега покрај езерото, како и кај многубројни туристи и фотографи, кои во голем број доаѓаат да го документираат редок феномен.