Skip to main content

Премиерот на Луксембург со порака до Трамп: ЕУ не е послаба од САД

Премиерот на Луксембург, Лук Фриден, остро одговори на заканата на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување дополнителни царини за стоки од Европската Унија.

Ние не сме послаби од САД и ако некој сака трговска војна, ќе ја има, рече 61-годишниот премеир на самитот на ЕУ во Брисел и додаде дека треба да се одржат добрите трансатлантски врси.

Фриден нагласи дека „не треба веднаш да се возбудуваме за секоја одлука на американскиот претседател“ и истакна дека ЕУ засега не е засегната од дополнителни американски царини.

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека „многу скоро“ ќе воведе царини за европските производи, слични на оние што веќе ги наметна за увозот од Канада и Кина.

Тие имаат огромна предност во трговијата со нас – САД има трговски дефицит од 300 милијарди долари. Тие не купуваат наши автомобили, земјоделски производи – речиси ништо. А ние купуваме милиони нивни автомобили и големи количини храна, изјави Трамп на прес-конференција.

На прашањето кога точно ќе бидат воведени царините, Трамп одговори дека нема конкретен датум, „но ќе биде многу скоро“.

Финскиот премиер Петри Орпо реагираше поумерено од неговиот луксембуршки колега.

Се подготвивме, со Трамп ќе мора да се преговара. Нема да почнам никаква војна. Сакам да почнам преговори“, рече Орпо во врска со заканата на Трамп.

Поврзани вести