Skip to main content

Потпретседателот на САД: Заканата за Европа доаѓа од внатре

Најголемата закана за Европа доаѓа од внатре. Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс на Минхенската безбедносна конференција ја повика Европа конечно да застане на страната на слободата.

Ги критикуваше лидерите на континентот дека се повлекуваат од некои од најфундаменталните европски вредности, првенствено замолчувајќи ги поинаквите мислења и модерирајќи ги содржините, главно на интернет.

„Заканата што најмногу ме загрижува во врска со Европа не е Русија, ниту Кина, ниту кој било друг надворешен фактор. Тоа што ме загрижува е заканата однатре. Тоа е повлекувањето на Европа од некои од фундаменталните вредности што ги споделува со САД“,рече потпретседателот.