Skip to main content

Полска уапси Украинка осудена за продажба на 56 бубрега

Полските граничари уапсија Украинка која беше осудена на 12 години затвор во Казахстан за учество во организирана криминална група која се занимавала со трговија со човечки органи и продажба на 56 бубрези, соопшти денеска обвинителството.

Жената, идентификувана како Ксенија П., е уапсена на железнички премин меѓу Полска и Украина врз основа на налог за апсење на Интерпол, изјави портпаролката на полското обвинителство Марта Петковска.

Обвинителството не наведе причина зошто жената не била во затвор во Казахстан за време на апсењето, ниту кога била осудена.

Поврзани вести