
Првата странска посета на рускиот претседател Владимир Путин во 2026 година, според прелиминарни договори, ќе биде во Кина. Планираниот датумот е за по 18 мај, но точноот ден на посетата сè уште не е прецизиран.
Деталите за патувањето на рускиот претседател се разработуваат, вклучувајќи ја агендата за преговори и билатерални средби.
Претходната посета на Путин во на Пекинг се одржа на 2 и 3 септември 2025 година, кога Путин учествуваше на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС) и на Парадата на победата.
Оваа најавена посета на Путин покажува дека оваа пролет ќе биде период на „високи гости“ во Кина.
Своја посета на Пекинг и средба со кинескиот претседател СИ Џинпинг има закажано и американскиот лидер Доналд Трамп, која се очекува во периодот на 14 или 15 мај. Првично, посетата на Трамп на Кина требаше да се одржи од 31 март до 2 април, но беше одложена поради војната на Блискиот Исток.
Своја посета на Пекинг имаше и шпанскиот премиер Педро Санчез, кој пристигна во Пекинг на 13 април на својата четврта официјална посета на Кина.

Македонски


