
„По мирна ноќ, папата почива“, се вели во соопштението на прес-службата на Ватикан, пренесе „Ватикан њуз“.
Ватикан вчера објави дека папата претрпел бронхијален спазам и дека му е обезбедена неинвазивна механичка вентилација.
Папата добро ја толерирал терапијата и цело време останал свесен и буден.
Проблемот со дишењето не траел долго, а на лекарите на папата Франциск се очекува да им бидат потребни 24-48 часа за да проценат како оваа епизода ќе влијае на неговата понатамошна клиничка состојба.
Во изминатите два дена охрабрувачки вести пристигнаа од лекарите на папата во болницата Гемели во Рим, но сега нивниот став е внимателен во однос на прогнозите за закрепнување на папата.
Извор: Канал 5