Skip to main content

Трамп се закани дека ќе го врати Панамскиот канал во американска сопственост

Трамп се закани дека ќе го врати Панамскиот канал во сопственост на САД. Новоизбраниот претседателна САД изјави дека Панама наплаќала од Вашингтон „превисоки такси“ за користење на каналот и дека на тој начин ги „краде“ граѓаните на САД.

Трамп истакна дека каналот е од витално значење за американската економија и националната безбедност.

САД се број 1 корисник на каналот, при што повеќе од 70% од транзитниот сообраќај оди кон или од американските пристаништа. Кога претседателот Џими Картер глупаво го подари за еден долар, само Панама можеше да го контролира, не Кина или некој друг. Доколку не се почитуваат принципите, морални и правни, на овој великодушен гест на донација, тогаш ќе бараме да ни биде вратен Панамскиот канал во целост и без прашање“, напиша Трамп на „Truth Social“.

Панамскиот канал го изградија Американците на почетокот на 20 век.

Панамскиот канал се смета за најважното национално богатство на Соединетите држави“. 38.000 американски војници загинаа од заразни каснувања од комарци од џунгла за време на изградбата“, додаде Трамп.

Во 1977 година Панамскиот канал беше прогласен за неутрална територија, кога американскиот претседател Џими Картер и де факто шефот на Панама, Омар Торијос, потпишаа договор со кој се гарантира безбедноста и отворениот премин на сите бродови.

САД ја предадоа целосната контрола на Панамскиот канал во 1999 година по долг период на заедничко управување.

Поврзани вести