Skip to main content

Орбан: Торнадото на Трамп го промени светот, десницата е иднината

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска во Мадрид, на собирот на третата по големина политичка групација во Европскиот парламент, Патриоти за Европа, дека „торнадото на Трамп“ го промени светот, правејќи го десното крило сега општо прифатено.

– Торнадото Трамп го промени светот: сега сме „мејнстрим“. Вчера за некои бевме минато, лудило, сега сме иднината. Тимот е многу обединет сега, рече Орбан.

Орбан истакна дека Унгарија сега е „лабораторија на конзервативна политика“ и дека неговата влада веќе 15 години се бори со илегалната миграција со цел да им пружи помош на унгарските семејства, пренесува порталот Хирадо.

Поврзани вести