
Голем број поддржувачи на партијата Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан се собраа во Будимпешта на „Марш на мирот“, а по тој повод премиерот рече дека Унгарија вели не на војната и дека нема да гинеме за Украина.

Претходно тој објави видео од дрон на својата Фејсбук страница, пишувајќи дека „Марш на мирот – најголем досега“.
„Маџар Немзет“ известува дека луѓе од цела Унгарија пристигнале во Будимпешта, вклучувајќи голем број млади луѓе.
Малку по 10 часот, поворката се упатила преку мостот Маргарита, кој бил затворен од полицијата, кон плоштадот Кошут.

Централната церемонија почна во 13 часот, а се очекува говор да одржи и премиерот Виктор Орбан.
Националниот марш на партијата Тиса ќе започне во 14 часот на плоштадот Деак Ференц, додека движењето Наша домовина ќе се собере во 15 часот на Корвино.

Македонски









