
Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја критикуваше пресудата со која се бара од неговата земја да плаќа милиони за кршење на европските закони за азил.
Бриселските бирократи бараат да плаќаме по милион евра секој ден за да ги браниме нашите граници и да ја заштитиме Европа од нелегална миграција. Тоа е апсурдно“, напиша Орбан на X.
Унгарскиот премиер истакна дека заштитата на унгарските граѓани е бесценета и дека ниедна казна никогаш не може да се спореди со реалната цена за пуштање на мигранти во земјата.
Европските елити кои ги наметнуваат овие казни мора да си одат“, додаде Орбан, повторувајќи го ставот дека политиката на Будимпешта е првенствено насочена кон зачувување на безбедноста и независноста на Унгарија.
Настапот на Орбан доаѓа во време кога Европската комисија го засилува притисокот врз земјите-членки кои одбиваат да ги усогласат своите миграциски политики со заедничките европски правила.
За потсетување, Европскиот суд лани ја казни Унгарија со 200 милиони евра за кршење на европските закони за азил. Покрај казната од 200 милиони евра, пресудата предвидува дека Унгарија ќе биде казнувана со дополнителен милион евра дневно сè додека не ја исполни пресудата.
Дополнително, доколку Будимпешта одбие да ги плати казните, тие можат да бидат одбиени од нејзиниот дел од буџетот на ЕУ.