Skip to main content

ОН: Здравствениот систем во Газа на работ на колапс поради израелските напади

Израелските напади врз болниците во Појасот Газа го доведоа здравствениот систем на енклавата до работ на колапс, се наведува во извештајот на Канцеларијата на Високиот комесаријат на ОН за човекови права во извештајот за нападите врз болниците во Газа.

Севкупното влијание на нападите врз болниците го доведе здравствениот систем во Газа до работ на целосен колапс, сериозно влијаејќи на пристапот на Палестинците до здравствена заштита и медицинска нега во време на голема потреба“, се вели во извештајот.

ОН додаваат дека ситуацијата дополнително се влошила по целосното затворање на контролниот пункт Рафа на границата со Египет по израелската инвазија на овој град во мај 2024 година.

Тоа ја исклучи можноста за медицинска евакуација на ранетите и болните, се додава во извештајот.

Поврзани вести