
Австрискиот весник „Кронен Цајтунг“ објави нови детали за бруталната ликвидација на синот на заменик-градоначалникот на Харков, кој беше убиен во Виена кон крајот на ноември за 200.000 долари.
Според пишувањето, убиениот случајно и невнимателно разговарал за богатството на својот татко, кое било складирано во електронски паричник (криптовалута).
Данило Кузмин., студент во Виена и син на заменик-градоначалникот на Харков, бил намамен во подземната гаража на луксузниот хотел „Софител“ во Виена од негов 19-годишен сонародник.
Таму бил тешко претепан од 19-годишникот заедно со уште еден 45-годишен Украинец. Тие двајца го мачеле Кузмин додека не извлекле од него кодовите за два електронски паричници со криптовалути, по што го фрлиле претепаниот Кузмин на задното седиште од „Мерцедесот“ на неговиот татко и го однеле во виенскиот кварт Донауштад.
Таму, ја полеале внатрешноста на автомобилот и претепаниот млад човек со бензин и го запалиле додека се уште бил жив.

По убиството, убијците успеале да уновчат криптовалути во вредност од 200.000 долари. Кога бил уапсен, 19-годишниот осомничен напаѓач имал 100.000 долари кај себе.
Украински извори тврдат дека 45-годишниот напаѓач бил поранешен висок царински службеник во Одеса, а 19-годишниот граѓанин е син на „добро познат бизнисмен во Черновци“ и посинок на украинскиот амбасадор во Бугарија.

Македонски







