
Рокот за спроведување на договорот за интеграција потпишан во март помеѓу сириската преодна влада предводена од исламистите и курдските Сириски демократски сили (СДФ) се приближува кон крајот на годината. Сè уште не е постигнат никаков напредок, а двете страни се чини дека се приближуваат кон жестока битка.
И покрај извештаите за напредок во преговорите за спроведување на договорот, кој има за цел да ги интегрира СДФ во цивилните и воените институции на владата, Ал-Монитор открива дека процесот, посредуван од САД, е во застој.
Алдар Калил, висок функционер во политичкото крило на СДФ, за новинската агенција вели дека немало комуникација со владата од октомври, обвинувајќи ги дека создавале „илузија за процес“ пред посетата на сирискиот претседателот Ахмед ал-Шар на Вашингтон претходно истиот месец.
Своја улога во состојбата во Сирија има и Турција. Според турски безбедносни извори, официјална Анкара нема намера да дозволи назначување на високи лидери на курдските ЈПГ/СДФ во сириската влада и армија.
Курдските единици мора да се распуштат како организација и да се интегрирате како поединци во војската. Повеќе нема не смее да дејствуваат како единствена организација.Тоа е нашиот услов“, е турската порака за случувањата околу курдските воени единици во Сирија.

Македонски







