Skip to main content

Ниту еден американски војник не смее да преживее, ако се обидат со копнена инвазија, се закани Техеран

Врховниот командант на иранската армија, Амир Хатами, побара од оперативните штабови со „најголема прецизност“ и „од момент во момент“ да ги следат движењата на САД и Израел, подготвувајќи се за можност од копнена инвазија.

Пораката беше пренесена преку видео-снимка објавена од иранската државна новинска агенција, во која Хатами е снимен на состанок со други воени лидери. Во соопштение, агенцијата ги сумираше клучните точки од неговото обраќање.

Ако непријателот се обиде да изведе копнени операции, никој од нивните војници не смее да преживее.“
Во истиот контекст, Хатами инсистирал на постојано следење на „движењата и акциите на непријателот“ и на спроведување планови за спротивставување на потенцијални методи на напад. Неговите пораки доаѓаат во период на засилена регионална напнатост и зачестени остри изјави во јавниот простор, што дополнително ја подигнува загриженоста за можни сценарија на директна воена ескалација.

Поврзани вести