Skip to main content

Најмалку 37 загинати во судар на два автобуси во Боливија

Фото: ЕПА

Најмалку 37 лица загинаа, а неколку се повредени во судар на два автобуси во Боливија, пренесоа светските агенции.

Автобусите се судрија на пат во близина на градот Ујуни, во јужна Боливија, соопшти полицијата.

Од жртвите, 35 се возрасни, а две се деца.

Едниот автобус патувал до место каде што требало да има карневал.

Поврзани вести