Skip to main content

Најмалку 37 повредени во земјотрес во централна Јапонија

Најмалку 37 луѓе се повредени во земјотресот со интензитет од 5,9 степени што рано изутринава го потресе подрачјето околу Токио, предизвикувајќи нарушувања во железничкиот сообраќај.

Земјотресот бил регистриран околу два часот по локално време, со епицентар во јужниот дел на префектурата Ибараки недалеку од Токио, на длабочина од 68 километри, соопшти Јапонската метеоролошка служба.

Земјотресот предизвикал нарушувања во железничкиот сообраќај во Токио, без значајни материјални штети. Мало оштетување има на зграда зграда во Саитама, северно од престолнината, а, властите проверуваат дали пукањето цевка од водоводот во Токио е поврзано со земјотресот.

Јапонската метеоролошка служба предупреди на зголемен ризик од одрони бидејќи подрачјето вчера зафатено од обилни врнежи, како и на можност за силни последователни потреси наредните денови. 

Поврзани вести