Skip to main content

И денеска многу топло време, попладне услови за невреме

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе има зголемена облачност и услови за пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирано невреме со силен ветер и појава на град.

Минималната температура е во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени Целзиусови.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 37 степени Целзиусови.

Управата за хидрометеоролошки работи најавува дека во текот на новата седмица дневната температура ќе опадне за неколку степени. Во попладневните часови, особено во понеделник, ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. 

Поврзани вести