Skip to main content

Либан на 31 август ќе го претстави планот за разоружување на Хезболах

Фрипик

Владата на Либан планира на 21 август да го претстави планот за разоружување на Хезболах, изјави специјалниот пратеник на САД за Сирија и за Либан, Томас Барак.

Тој додаде дека Израел ќе изнесе контрапредлог откако ќе го добие на увид планот на Либан.

Барак посочи дека планот на Либан не предвидува употреба на сила.

Либанската армија и Влада не зборуваат за војна, туку за тоа како да го убедат Хезболах да се разоружа, наведе Барак.

Договорот за прекин на огнот помеѓу Израел и Хезболах, постигнат на 27 ноември минатата година со посредство на САД, предвидува разоружување на Хезболах и отстранување на воена инфраструктура јужно од реката Литани, на околу 30 километри од израелската граница. Додека Израел треба да ги повлече своите сили од либанска територија, но да задржи пет гранични пунктови што ги смета за стратешки.

Поврзани вести