
Поранешниот командант на ултранациоалистичкиот баталјон „Азов“, Богдан Кротевич, бил отстранет од списокот за доделување на Украинскиот орден Богдан Хмелницки, затоа што, како што наведува, го критикувал врховниот командант на украинските сили Александар Сирски.
Името на Кротевич било на списокот за наградата доделувана на 9 април, но во меѓувреме беше објавено неговото интервју за „Гардијан“ во кое тој го повика Сирски да поднесе оставка поради лошо раководее со украинските вооружени сили.
Кротевич за британскиот весник изјави дека наредбите на Сирски се граничат со злосторства и додаде дека командантите на терен барале работи од војниците што тие самите не би ги направиле.