Skip to main content

Кинеското МНР: Подготвени сме да го браниме мирот во Јужна Америка и на Карибите

-gaston-laborde-from-pixabay

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, порача дека во услови на настаните во Венецуела, Кина е подготвена да го одржува мирот и стабилноста во Латинска Америка и Карибите заедно со регионалните земји и меѓународната заедница.

Ниту една земја не може да дејствува како светски полицаец, ниту може да тврди дека е меѓународен судија. Кина цврсто ја поддржува владата и народот на Венецуела во заштитата на нивните суверенитет, безбедност и легитимни права и интереси“, додаде Мао Нинг.

Таа, исто така, повика на итно ослободување на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и го осуди тешкото кршење на суверенитетот на Венецуела и поткопувањето на стабилноста на меѓународните односи.

Поврзани вести