
Две лица загинаа на северот на Италија по серијата свлечишта предизвикани од обилни дождови, соопштија денеска локалните власти. Меѓу загинатите е 32-годишен Германец кој неодамна се доселил во селото Брацано ди Кормонс. Спасувачките екипи го пронајдоа и телото на 83-годишна жена чијата куќа била целосно затрупана од земјиштето, информира италијанската противпожарна служба.
Регионoт денови наназад е погоден од интензивни врнежи што поплавија улици и подруми, а во Брацано свлечиштата уништија три куќи.
Според првичните информации, 32-годишниот маж успеал да се извлече на безбедно, но се вратил назад за да ја предупреди својата 83-годишна сосетка. Во тој момент се активирало ново свлечиште кое ги затрупало и двајцата.
Екстремното време предизвика и поплави, штети и широко распространети нарушувања во други делови на Фриули Венеција Џулија. Десетици луѓе беа спасени откако реката Торе во истиот регион се излеа од коритото во друг град во близина на Горица, Романс д’Исонцо, а стотици беа евакуирани од своите домови.

Македонски









