Skip to main content
td7eyXs-VgA

Јапонија со видео од вештачка интелигенција ги подготвува граѓаните за будење на вулканот Фуџи

video screenshot
video screenshot

Jапонските власти објавија видео, создадено со помош на вештачка интелигенција, кое прикажува најлошо можно сценарио во случај на ерупција на вулканот Фуџи. Снимката е наменета за граѓаните и експертите со цел да се зголеми свесноста за последиците и да се подобри подготвеноста на Токио за природна катастрофа од огромни размери.

Видеото детално покажува како пепелта, чадот и лавата од Фуџи би се ширеле кон Токио и околината, прикажувајќи нарушувања во сообраќајот, прекини во снабдувањето со струја и потешкотии во функционирањето на јавните служби, пренесе Би-Би-Си.

Сакавме граѓаните да добијат што пореалистична претстава за можната опасност“, соопштија властите на Токио.

Вештачката интелигенција овозможува, врз основа на сеизмолошки и метеоролошки податоци, да се реконструира сценарио кое не е само научна проекција, туку и визуелно искуство што може да помогне во планирањето и обуката“, посочуваат градските власти.

Последната ерупција на Фуџи се случила во 1707 година, кога вулканскиот пепел го прекрил тогашниот главен град Едо, денешен Токио. Научниците предупредуваат дека вулканот сè уште е активен и дека нема гаранција дека сличен настан нема да се повтори.

Јапонската влада веќе со години развива планови за евакуација и безбедносни протоколи, но видеото со АИ претставува нов пристап – комбинација од научни податоци и модерна технологија. 

Поврзани вести