
Израелската полиција денеска соопшти дека уапсила маж кој се заканувал дека ќе го убие премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Непосредно пред почетокот на еврејската Нова година во понеделникот вечерта, маж на околу 40 години од јужниот град Кирјат Гат наводно влегол во локална полициска станица и рекол дека ќе го убие Нетанјаху.
-Осомничениот им рекол на полицајците дека планира да купи огнено оружје и да го застрела премиерот три пати, соопшти полицијата.
Мажот е приведен и се очекува денеска да биде поднесено обвинение. Полицијата сака да го задржи мажот во притвор до крајот на судењето.
Анкетите на јавното мислење покажуваат дека Нетанјаху ја губи јавната поддршка поради речиси двегодишната војна во Газа против Хамас, што ги зголемува стравувањата од зголемување на изолацијата на Израел низ целиот свет.
Во Газа има 48 заложници, од кои се верува дека 20 се уште се живи, а нивните семејства ја повикаа израелската влада да склучи договор за враќање на нивните најблиски дома.