Skip to main content

Израелската армија тврди дека во училиште во јужен Либан пронашла оружје на Хезболах

Израелската армија соопшти дека денеска во училиште во јужен Либан пронашла над 130 парчиња оружје, кое припаѓа на Хезболах.

Во училиште во областа Бинт Џбејл пронајдени се пиштоли, автоматски пушки „калашњиков“ и друго оружје – објави израелската армија на платформата Икс.

Исто така се посочува дека се пронајдени знамиња на Хезболах и ознаки на други терористички организации.

Поврзани вести