Skip to main content

Израел нападна камп на мировните сили на ОН во Либан

Израелските воздухопловни сили бомбардираа седиште на мировните сили на ОН во Либан. Нападот се случи како дел од ескалацијата на борбите меѓу израелската војска (ИДФ) и Хезболах.

Извештаите покажаа дека израелскиот напад се случил во близина на позиција на ОН во градот Ал-Куза.

Израелски ракети го погоди седиштето на единица од Гана кој служи во рамките на УНИФИЛ во јужен Либан, предизвикувајќи значителна штета на инфраструктурата.

Вооружените сили на Гана потврдија дека двајца војници се критично повредени, а еден мировник е со повеќекратни трауми во нападот. Еден од повредените е евакуиран во болница во Бејрут, додека двајца се лекуваат во медицинска установа на ОН.

Либанската влада повика на меѓународна интервенција за да се запрат израелските воени операции по овој напад.

Поврзани вести