
Западни медиуми известуваат дека Индија подготвува голема набавка на оружје од Русија. Како што објави „Блумберг“, договорот е вреден околу 25 милијарди долари и вклучува противвоздушни системи С-400, транспортни авиони и борбени беспилотни летала.
Изданието забележува дека ваквиот договор може да предизвика незадоволство во Соединетите Американски Држави, но според изворите, официјален Њу Делхи продолжува да се потпира на воена соработка со Москва.
Индиското Министерство за одбрана, исто така, објави дека потпишало договор со компанјата „Рособоронекспорт“ во вредност од 445 крори рупии, околу 47 милиони долари, за купување на серија самоодни противвоздушни топови и ракетни системи 2K22 „Тунгуска“ за индиската армија.
Договорот беше потпишан во Њу Делхи во присуство на индискиот заменик-министер за одбрана Раџеш Кумар Синг. Судејќи според вредноста на договорот, станува збор за мала серија системи.
Индија во моментов е најголемиот странски оператор на системот „Тунгуска“, бидејќи, според достапните податоци, од 1995 до 2012 година добила вкупно 24 борбени возила „Тунгуска-М“ 2S6M (2K22M) и 42 борбени возила „Тунгуска-М“ 2S6M1 (2K22M1).

Македонски



