Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска изјави дека планира да преземе превентивни мерки, поради протестите кои би можеле да доведат до соборување на неговата влада.
Фицо рече дека опозицијата планира да ги интензивира протестите со окупација на владини згради и тврди дека затоа биле ангажирани странски експерти кои учествувале во демонстрациите во Украина и Грузија.
Целта на овие демонстрации е да се создаде хаос, со можен конфликт со полицијата, рече Фицо, пренесуваат британските медиуми.
Ситуацијата е сериозна. Гледаме структура која се обидува да го нападне уставниот систем на Словачка, рече Фицо.