Skip to main content

Европски лидери бараат силни безбедносни гаранции за Украина

Фото: Frauke Riether from Pixabay

По самитот во Анкориџ меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин, европските лидери денеска го засилија повикот за цврсти безбедносни гаранции за Украина, која веќе 3,5 години се бори против руската инвазија.

„Јасно е дека Украина мора да има непробојни безбедносни гаранции за ефективна одбрана на својот суверенитет и територијален интегритет“, се вели во заедничката изјава на европските лидери, потпишана од претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер, германскиот канцелар Фридрих Мерц, финскиот претседател Александар Стуб, италијанската премиерка Џорџа Мелони, полскиот премиер Доналд Туск и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта.

Според изјавата, Трамп за време на разговор со европските лидери потврдил дека е подготвен да обезбеди соодветни гаранции за Украина заедно со Европа. Оваа подготвеност беше поздравена од европските лидери, кои изразија подготвеност „Коалицијата на подготвените“, предводена од Велика Британија и Франција, да преземе активна улога во процесот.

Поврзани вести