Skip to main content

Десетици илјади Германци протестираа во Берлин против зголеменото влијание на екстремната десница

Десетици илјади Германци одржаа демонстрации пред Бранденбуршката порта во Берлин, против зголеменото влијание на екстремната десница, јави ДПА.

Демонстрантите користеа фенери и мобилни телефони за да создадат, како што го нарекоа организаторите „море од светла“ насочено против партијата Алтернатива за Германија (AфД).

Според полицијата, бројот на учесници на протестот во главниот град на Германија бил околу 30.000 луѓе.

Демонстрациите се одржаа еден месец пред Германците да излезат на парламентарни избори. Блокот од опозициските партии од десниот центар, предводен од Фридрих Мерц, води во предизборните анкети, додека АфД е на второ место.

Поврзани вести