
Унгарскиот премиер Петер Маѓар денеска им додели право на вето на четворица клучни министри во неговиот кабинет, откако неговата десноцентрична влада и официјално ја презеде власта по изборот во парламентот.
Маѓар прецизираше дека министрите за здравство, за правда, за образование и за финансии ќе имаат право да ги блокираат владините одлуки. Според него, оваа одлука е донесена бидејќи овие ресори ги очекуваат најсложените задачи и најголемите предизвици во претстојниот управен циклус.

Македонски



