
Четиринаесет лица се повредени во Израел, од кои две деца, во последните ирански ракетни напади врз земјата, соопштија израелските служби за спасување.
Организацијата „Маген Давид Адом“ што е израелски еквивалент на Црвениот крст, соопшти дека меѓу ранетите нив имало 11-годишно девојче со сериозни повреди од шрапнел на екстремитетите, 36-годишна жена и 13-годишно момче со повреди од шрапнели. Останатите 11 лица минале со полесни повреди.
Израелската полиција соопшти за пријавени „детонации на експлозии“ во регионот на Тел Авив и во централните делови на земјата.
Рано изутринава во периодот од 6:20 до 9:00 часот по локално време израелската армија регистрирала три ирански ракети насочени кон Израел, како и една ракета лансирана од териториајта на Јемен.

Македонски



