
Германија троши стотици милиони евра на приватни фирми за обезбедувае и заштита на сопствените воени инсталации. Причината е недостиг од персонал во германската армија – Бундесверот, пренесува Билд.
Тие маршираат, пукаат и спијат на отворено. Но, кога станува збор за заштита на сопствените бараки, Бундесверот е принуден да прибегне кон приватни служби за обезбедување“, пишува изданието.

Според весникот, воените објекти низ целата земја ги обезбедуваат околу 2.000 приватни чувари. Ова ги чинело даночните обврзници 666 милиони евра во 2024 година.
Бројот на војници во армијата на Германија е намален од 250 илјади на 180 илјади за 15 години. Германската воена комесарка Ева Хогл претходно изјави дека Бундесверот се соочува со кадровска криза, уништена инфраструктура и недостаток на борбена опрема.