
Велика Британија ја суспендира употребата на оклопните возила „Ајакс“, поради стравувања дека овие возила ги оштетуваат слухот и рамнотежата на екипажот.
Како што пишува „Тајмс“, повеќе од 30 војници кои учествувале во воените вежби „Железна тупаница“ со оклопни возила „Ајакс“ се здобиле со повреди поради вибрации, по што британската армија беше принудена да ја суспендира употребата на борбените возила од овој тип.
Некои војници повраќаа, други се тресеа толку многу што не можеа да ги контролираат своите тела, додека трети чувствуваа слабост во нозете. Двајца војници беа толку повредени што нивниот медицински статус мораше да се намали и официјално им беше забрането да патуваат“, додава британскиот весник.

Македонски






