Лидерот на албанските демократи и поранешен премиер, Сали Бериша, изјави дека предмет за апсењето на поранешниот претседател Илир Мета ќе достават до Хашкиот суд.
Тој, меѓудругото, оцени дека процесот на судските органи кон лидерот на Партијата на слободата и поранешен шеф на државата е целосно политички.
Таков е случајот со претседателот на Партијата на слободата. Го подготвуваме досието за Хаг за неговото апсењето бидејќи тоа е нехумана јавна тортура. Работиме со Партијата на слободата за да го испратиме досието до Комисијата за борба против тортура при Советот на Европа, ќе ги запознаеме сите инстанци во ОН и насекаде – најави тој.
Според него, има комисии против тортура а “апсењето на Мета беше јавна тортура, јавно нечовечко малтретирање” .
Затоа, нагласи, случајот во сите инстанци “ќе биде претставен како случај на вежбање одмазда на јавна тортура. Случај без преседан“.
За Бериша нема ни тронка сомнеж дека тоа е целосно политички процес, како и оној на демократскиот пратеник Салиањи.
Стана светски познато дека Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, и целото правосудство е политичко оружје во рацете на диктатурата. Таков е и мојот случај, таков и многу сериозен е случајот со Ервин Салиањи, случај кој ќе го презентираме во сите меѓународни инстанци бидејќи тој е таму само затоа што се дрзна да ја осуди мафијата, да ја изврши својата должност, својата мисија како пратеник – обвини Бериша.