Skip to main content

Бербок ја обвини Кина дека и дава оружје на Русија за војната во Украина и со тоа го загрозува мирот во Европа

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок ја обвини Кина дека и дала оружје на Русија за војната против Украина и дека го загрозува мирот во Европа и Индо-Пацификот.

-Наместо да ја преземе одговорноста за светскиот мир и безбедност како постојана членка на Советот за безбедност на ОН, Кина се спротивставува на нашите основни европски интереси со својата економска и вооружена помош за Русија, рече Бербок во изјавата пред нејзината посета на Пекинг.

Бербок истакна дека „бруталната агресивна војна на Путин против Украина е директна закана“ за мирот.

-Ако Северна Кореја испрати војници и оружје против Украина, додека Русија ја поддржува нуклеарната програма на Пјонгјанг, тоа го загрозува мирот и овде и на Индо-Пацификот, нагласи Бербок.

Бербок, исто така, рече дека, како најголема економија во Европа, Германија се залага за своите интереси на ист начин како што Кина ги брани своите.

-Во економската, климатската и безбедносната политика важи следново: соработка каде што е можно, независност каде што е потребно, рече шефицата на германската дипломатија, додавајќи дека Германија нема да ја сврти главата кога другите ги прекршуваат меѓународните правила на штета на германската и европската индустрија