Skip to main content
Обнова на дипломатските мисии

Американска делегација пристигнува во Венецуела, привремената венецуелска претседателка бара дозвола за посета на САД

Делегација на американскиот Стејт департмент отпатува во Венецуела, а привремената претседателка на Внецуела, Делси Родригез побара дозвола да патува во САД на средба со американскиот претседател Доналд Трамп.

Официјално, американските дипломати патуваат во Венецуела за да преговараат за повторно отворање на американската амбасада. Сепак, тие веројатно ќе разговараат за нивната интервенција во венецуелските работи.

По веста за доаѓањето на делегацијата, американскиот печат објави дека вршителката на должноста претседателка на Венецуела, Делси Родригез, побарала дозвола да патува во Вашингтон.

Се очекува патувањето да се одржи на 13 јануари и да вклучува средба со Трамп. Засега, Родригез чека одговор од Министерството за финансии на САД, кое ѝ воведе санкции за наводно кршење на човековите права.

Сепак, венецуелската влада ги негираше извештаите дека Делси Родригез планира да ги посети САД. Властите разјаснија дека вршителката на должноста претседателка не планира никакви странски посети.

Поврзани вести