
Дел од американската воена индустрија има сериозни проблеми поради тарифите што администрацијата на претседтелот Доналд Трамп ги наметна кон Кина. Особено на удар е производството на беспилотни летала затоа што речиси сите дронови во САД се произведени во Кина
Како што пишува „Форбс“, Кина контролира 90 отсто од сите делови за беспилотни летала во светот, што ги остава американските производители да се потпираат само на кинеските синџири за снабдување.
Затоа, како што коментира изданието, Вашингтон не може да си дозволи да го отсече Пекинг од тој синџир на снабдување, бидејќи тој едноставно „ќе ја сруши сопствената индустрија за дронови“, додава американскиот весник.