
Американскиот амбасадор во Ерусалим, Мајк Хакаби на платформата Икс објави дека Амбасадата на САД подготвува план за евакуација на американските граѓани од Израел.
Тој наведе дека американските граѓани, кои ќе сакаат да заминат од Израел поради тековниот конфликт со Иран, ќе бидат евакуирани со авиони и бродови.