Skip to main content

Активирана експлозивна направа во еврејско училиште во Амстердам

Експлозија утрово оштети еврејско училиште во Амстердам, при што е причинета мала материјална штета. Во инцидентот никој не е повреден. Градоначалничката на Амстердам, Фемке Халсем инцидентот го оцени како намерен напад врз еврејската заедница.

Ова е кукавички чин на агресија против еврејската заедница. Евреите во Амстердам се повеќе се соочуваат со антисемитизам. Тоа е неприфатливо, наведе Халсем.

Безбедноста во синагогите и еврејските институции во Холандија е засилена по вчерашното подметнување на пожар во Ротердам.

Зголемена е загриженоста поради евентуални напади врз еврејската заедница ширум светот по американско-израелскиот напад врз Иран.

Пред два дена беше нападната синагога во Детроит, во американската сојузна држава Мичиген. Маж по потекло од Либан удри во синагогата со камионет наполнет со огномет и канти со бензин, при што предизвика пожар. Напаѓачот си пукаше во глава по престрелката со полиција. Тој е идентификуван како Ајман Газали (41), а нападот го изведе откако претходно беше бомбардиран неговиот роден град, при што загинале неговите два брата и внуци.

На 9 март во белгискиот град Лиеж беше поставена експлозивна направа во синагога, при што беше предизвикана материјална штета.

Поврзани вести