Skip to main content

58% од Молдавците поддржуваат спојување со Романија ако тоа им донесе повисоки пензии и плати

Freepik

Анкета во Молдавија покажува дека поддршката за обединување со Романија се зголемува од 44% на 58%, доколку спојувањето би гарантирало повисоки пензии, повисоки плати и целосен пристап до Европската Унија.

Ова е најважниот момент во нашата историја. Сега можеме да го почнеме процесот на обединување со Република Молдавија“, ги искоментира резултатите од анкетата претседателот на Романската академија, Јоан-Аурел Поп.

Тој зборуваше за време на промоцијата на Романскиот академски совет, нова платформа за соработка помеѓу Романската академија и Академијата на науките на Молдавија.

Јоан-Аурел Поп нагласи дека, како и во 1918 година, обединувањето треба да почне преку културно и научно единство, а не преку надворешен притисок. Според него, таквиот процес треба да дојде од заедничката желба на Романците од двете страни на реката Прут.

Поврзани вести