Skip to main content

Петиција за суспендирање на новиот Ценовник на ПОЦ: Жителите на Центар бараат јавно образложение за оправданоста на зголемувањето на цените

На социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер) беше споделена петиција со која се бараат потписи за суспендирање на новиот Ценовник на ПОЦ и јавна расправа со жителите.

Во објавата, профилот со име „Иво Антов“ вели дека градоначалникот на Општина Центар наместо да гради паркинзи, тој на местото на старите одобрувал изградба на нови згради.

„Градоначалникот на Центар наместо да гради паркинзи, тој на местото од старите одобрува изградба на нови згради. Воедно,енормно ги покачува цените за паркирање и на жители и на вработени и посетители во општината. Еве петиција против тоа,ако ви се потпишуе“, гласи „твитот“ на Иво Антов.

Градоначалникот на Центар наместо да гради паркинзи, тој на местото од старите одобрува изградба на нови згради.
Воедно,енормно ги покачува цените за паркирање и на жители и на вработени и посетители во општината.
Еве петиција против тоа,ако ви се потпишуеhttps://t.co/53O5twDEun

— Ivo Antov (@AntovSr) May 19, 2026

Со потпишување на оваа петиција се бара:

  • Итно суспендирање на новиот Ценовник додека не се спроведат вистински консултации со жителите;
  • Организирање на јавна расправа со претставниците на сите паркинг сектори во Општина Центар;
  • Јавно образложение за основата и оправданоста на зголемувањето на цените;
  • Конкретен план за подобрување на квалитетот на услугата пред каква и да е наплата на повисоки цени.

Поврзани вести