Skip to main content

Нема да има повластени: Сите ќе плаќаат иста цена за градскиот паркинг

Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на денешната прес-конференција истакна дека не е во план зголемување на цените на паркингот.

Има институции што плаќаат, меѓу кои и вработените во Град Скопје, по повластени цени услуги во паркинзи – нема да има така. Таква работа нема да има. Вработените овде земаат плата и тие се исти како останатите граѓани во градот Скопје. И ќе си плаќаат колку што треба износ. Не може некој да плаќа 400 денари, а вие да плаќате 1.400 за месечна карта. Секој ќе си плаќа колку што е износот – тој ќе биде ист за сите. Тука толеранција нема да има. Но, тоа не значи зголемување цени, туку воспоставување ред – одговори Ѓорѓиевски на новинарско прашање.

Во план било зонско паркирање на повеќе места низ градот.

Поврзани вести