Skip to main content

Мицкоски: Се гради мега-паркот со плоштад во населба Радишани во вредност од 20 милиони денари

Радишани ќе добие мега-парк вреден 20 милиони денари. Паркот ќе се протега на површина од 10.000 м2. Новиот парк ќе има зелена површина од 6.000 м2, плоштад од 4.000 м2 и мега детско игралиште.

Средствата се обезбедени од Владата, а денеска претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, потпретседателот на Владата, Александар Николоски и министерот за локална самоуправа, Златко Перински учествуваа на присуствувањето на поставување на камен темелник на мега-паркот со плоштад во населба Радишани, Општина Бутел.

Да му честитам на градоначалникот, ќе ми дозволите, најпрвин за сето она кое што го прави изминатиов период за жителите во Општина Бутел. Мислам дека Општината со сите оние проекти коишто се реализираа и овие коишто ќе се реализираат или се во фаза на реализација, доживува навистина еден период на препород, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Тој се заблагодари на поддршката којашто Општина Бутел ја добива и од страна на пратеничката во македонското Собрание, советниците, администрацијата во Општина Бутел, на ресорните министри, затоа што, како што рече, мора сето ова хармонично да функционира ако сакаме да имаме успех ваков каков што има овде во Општина Бутел.

Јас можам да им посакам уште многу проекти коишто ќе значат поквалитетен живот на граѓаните овде во Општина Бутел, а ние како Влада ќе продолжиме сето тоа да го поддржуваме без дилема, додаде Мицкоски.

Така што, да заклучам, честитки за постигнатото. Нè чека уште многу работа, уште многу работи треба да се изградат. За разлика од тие коишто во минатото уништуваа и крадеа, оваа Влада заедно со оваа локална самоуправа има амбиција да гради и така ќе продолжи и во иднина, нотира во изјавата Мицкоски.

Поврзани вести