Skip to main content

Лукровски: Решавање на сообраќајниот хаос со 600 нови паркинг места во Карпош

Недостигот на паркинг-места во Карпош одамна не е само технички проблем, туку секојдневен извор на нервоза, губење време и нарушен јавен ред. Сцените се повторуваат секоја вечер,  возачи кои кружат во маалата по 15 минути барајќи место, автомобили поставени на тротоари и пешаци кои се принудени да чекорат по коловозите, изложени на опасност. Карпош, кој треба да биде пример за уреден и современ урбан кварт, денес функционира како импровизирано паркиралиштe, рече кандидатот за Каршош Сотир Лукровски.

Токму затоа, во нашата програма предвидуваме воведување на системско, долгорочно и зелено решение. Ќе  започнеме со изградба на монтажни катни гаражи опремени со соларни панели, со вкупен капацитет од 600 нови паркинг-места. Овие гаражи нема да бидат уште еден бетонско блок решение, туку модерни, функционални конструкции кои ќе произведуваат чиста енергија и истовремено ќе ослободат вреден јавен простор што денес е окупиран од хаотично паркирање. Ќе бидат распоредени рамномерно низ општината, така што ниеден дел од Карпош нема да остане запоставен.

Во Карпош 2 и 4 ќе се создадат по 120 нови паркинг позиции, кај Млечен – 90, во Карпош 3 – 110, во Влае – 70, и дополнителни над 100 нови места ќе бидат поставени во Козле, во близина на основното училиште „Владо Тасевски“, каде што родителите секојдневно се соочуваат со вистински сообраќаен хаос при носење и земање на децата од настава.

Воведувањето на 600 нови паркинг-места ќе значи многу повеќе од само нова инфраструктура. Тоа значи враќање на редот на улиците и ослободување на тротоарите за оние кои им припаѓаат. Пешаците повторно ќе се движат без страв, родителите со колички ќе можат да поминат без да заобиколуваат возила, а децата ќе добијат побезбедни маалски улици.

Дополнително, со примена на решенија што произведуваат сопствена енергија, Карпош ќе покаже дека може да биде модерен, ефикасен и еколошки одговорен градски систем. Со оваа инвестиција се создава не само простор за автомобилите, туку и мир за луѓето.

Ова е повик за нов урбан ред во Карпош во кој инфраструктурата работи за граѓаните, а не против нив. Време е улиците повторно да бидат за движење, тротоарите за пешачење, а паркинзите за паркирање – и тоа организирано, безбедно и достоинствено. Така и ќе биде

Поврзани вести