
Во емисијата „На дуел кај Иван“ на Канал 5 телевизија, кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски ги повика граѓаните масовно да излезат и да гласаат во недела.
Жорѓиевски додаде дека, откако ќе биде избран за градоначалник, од понеделник ќе се впушти во средување на проблемите во градот.
Во Скопје доаѓа времето кога треба да запреме со експериментите и ова што го гледавме изминатите 4 години, на Скопје му треба работа, му треба одговорност и домаќинско функционирање на градот нешто што недостасува цел изминат период. Јас сум спремен со цел свој кредибилитет, цело мое знаење но и цел мој тим да дадеме се од себе да изградиме град со којшто ќе се гордееме. Повикувам на масовна излезеност во недела, а од понеделник да ги засукаме ракавите и да ги средиме состојбите во градот“, повика Ѓорѓиевски.

Македонски








