Skip to main content

Денеска цело ООУ „11-ти Октомври“ ја бојкотира наставата, родителите порачуваат: Нашите деца нема да учат со насилник!

Бојкотот на наставата кој започна вчера со недоаѓањето на настава на децата од одделенијата од прво до четврто во ООУ „11-ти Октомври“ во скопски Центар денеска зема поголем замав и се проширува кон целосен бојкот на сите ученици.

Ваквата одлука е донесена во знак на бојкот поради префрлање на ученик во нивното училиште откако во другото училиште покажал проблематично однесување и бил насилен кон соучениците.

„Нема место за насилник таму каде што учат нашите деца!“, „Нашите деца нема да учат со насилник!“, „Со безбедноста на нашите деца нема да преговараме!“, се само дел од пораките кои ги испратија родителите на учениците

Неправдата нема да дозволат да падне на нивни грб поради недозволен обид за трансфер на ученик од училиштето „Лазо Ангеловски“, во „11 Октомври“.

Вчера родителите ја објаснија причината за нивниот револт и бојкотирање на наставата во училиштето.

Факт е дека родителот на конкретното дете чиј идентитет не го откриваме, прикрива факт за поведението на неговото дете во ООУ „Лазо Ангеловски“ и покренува постапка за трансфер редовен што е недозволиво кога детет има такво поведение- насилно, тоа е констатирано согласно упатството на Министерството за образование и наука, и евидентирано не само во училиштето туку и во општина Аеродром. При такви околности е невозможно да се заведе таква постапка, но родителот доаѓа тука ги прикрива тие факти и ја прибавува согласноста без да знае раководството, рече Горан Нациќ, претставник на родители од училиштето „11 Октомври“ и додава дека откако дознале родителите биле на прием кај директорката, која исто така била изненадена, по што ја повлекла согласноста, бидејќи немало услови за таква редовна постапка.

Родителите имале обид да контактираат со Државниот просветен инспекторат, но безуспешно.

Бараат системско решение и да не се врши притисок врз раководството на улилиштето „11 Октомври“, во спротивно бојкотот ќе продолжи.

Родителите стравуваат дека насилното однесување на ученикот ќе се повтори и во новото училиште.

Ситуацијата се разгорела откако родителите дознале дека ученикот претходно бил отпишан од друго училиште за инцидент во кој следел девојче во тоалет, по што го нападнал.

Наставничката која била сведок на настанот го потврдила инцидентот, по што се презеле мерки за негово префрлање.

Поврзани вести