
Со освоени 1.511 гласови, односно 61,65% од гласачкото тело, Златко Сиљаноски од Коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ е нов градоначалник на Општина Дебрца.
Неговиот противкандидат, досегашниот градоначалник Зоран Ногачески, независен кандидат на група избирачи освои 859 гласови, односно 35,05% од гласачкото тело.
Според официјалните податоци од Државната изборна комисија (ДИК), на избирачкиот список во Општина Дебрца има вкупно 3.937 гласачи, кои го даваат својот глас на 28 избирачки места. На овие избори гласаа 2.451 избирачи. Вкупниот број на важечки гласачки ливчиња е 2.370, а на неважечки 81. Официјалната излезност на овој изборен циклус е 62,26%.
Златко Сиљаноски е дипломиран економист од селото Лешани, роден на 24.08.1981 година. Тој е оженет и е татко на две деца.

Македонски






