Skip to main content

За првпат, средните училишта во земјава ќе имаат образовни асистенти, велат од ВМРО-ДПМНЕ

За првпат, средните училишта во земјава ќе имаат образовни асистенти, откако стапи на сила законското решение кое треба да ја унапреди инклузивноста, информираат од ВМРО-ДПМНЕ, реагирајќи на повикот на СДСМ за ревизија на огласот за ангажирање асистенти.

Ангажирањето не го врши Министерството за образование, туку училиштата во координација со ресурсните центри. Процесот е транспарентен, а самите асистенти се ангажираат на определено време и повторно аплицираат секоја година, во зависност од реалните потреби пријавени од родителите, се вели во соопштението.

Од партијата додаваат дека дел од ресурсните центри биле формирани токму во време на СДСМ и обвинуваат дека партијата повторно отвора чувствителни теми со лажни информации, со цел да предизвика вознемиреност.

СДСМ кој го остави образованието без учебници, сега сака да држи лекции. Наместо тоа, нека научи како се развива образованието и нека го поддржи“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно, СДСМ ја обвини министерката за образование Весна Јаневска дека создала хаос во процесот на ангажирање образовни асистенти, што, според нив, оди на штета на децата со попреченост.

Поврзани вести